Салернитана го доби првото звучно засилување

Францускиот фудбалски ветеран Франк Рибери пристигна во Салерно на лекарски прегледи и потпис со клубот кој сезонава се натпреварува во Серија А. Рибери во минатата сезона настапуваше за Фиорентина, но не му беше продолжен договорот и тој реши да потпише едногодишен договор со Салернитана, која го задржа Рибери во Италија, со тоа што од север се сели на југ.

Рибери со лет од Минхен до Неапол пристигна во Италија, веднаш замина во Салерно, а попладнево Рибери ќе биде претставен на стадионот и навивачите на Салернитана ќе го поздрават за првпат.

- Оглас -

Најнови вести