Саломон Калу потпиша за Ботафого

Крилниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Саломон Калу, од Херта направи трансфер во Ботафого. По заминувањето од Берлин, Калу веќе почна да тренира со својот нов клуб од Рио де Жанеиро. Ботафого е клуб кој во своите редови го има и јапонскиот ветеран Кеисуке Хонда.

Калу, кој има 34 години, најпознат е од минатото кога играше за Челзи, а го носеше дресот и на Лил, додека во Херта беше шест години. Тој дебито во бразилската лига ќе го има на 9 август, па има еден месец да се подготви и да се воигра со новите соиграчи. Бразилската лига не е слаба и Хонда, кој играл за Милан, не се снаоѓа најдобро, а во Бразил играат и Дани Алвес и Филипе Луис, кои можеа уште и во Европа да играат важна улога во своите екипи.

- Оглас -

Најнови вести