Салцбург, Јанг Бојс и Спарта Прага обезбедија групна фаза во ЛШ

Салцбург, Јанг Бојс и Спарта Прага се тимовите кои обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампионите по вечерашните три плејоф дуели за влез во европската клупска елита.

Салцбург одигра 1-1 на домашен терен откако го доби првиот меч против Динамо Киев со 0-2. Дагим во 12.минута донесе водство за Салцбург, а израмни Ванат во 29.минута.

Јанг Бојс го шокираше Галатасарај и во Истанбул, победувајќи со 0-1, а го доби и првиот дуел во Швајцарија со 3-2. Победничкиот гол за Јанг Бојс беше дело на Алан Виргиниус во 87.минута од мечот. Дуелот изобилуваше со тензии, а по примениот гол црвен картон доби и Муслера, голманот на Галатасарај.

Спарта Прага и вторпат го победи Малме со 2-0. Бирманчевиќ не реализира пенал во 19.минута, но Хараслин погоди од белата точка во 80.минута, а вториот гол го постигна Албион Рахмани три минути подоцна.

- Оглас -

Најнови вести