Салцбург направи „еден во два“ и изгледа пак ќе игра во групната фаза од ЛШ

Ред Бул Салцбург е многу блиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите во фудбал откако вечерва во Тел Авив направи пресврт и победи со 2-1, резултат кој им дава огромни шанси пред реваншот во Австрија. Макаби имаше предност по првото полувреме, но гостите направија пресврт.

Во минатата сезона Салцбург беше едно од најпријатните изненадувања во ЛШ и тим кој ја промовираше новата напаѓачка ѕвезда Ерлинг Халанд, па можеби повторно ќе ја изненадат Европа со некој друг талент.

Пресврт имаше и во Краснодар, каде што солунскиот ПАОК поведе со 1-0, но на крај Русите победија со 2-1, па реваншот на „Тумба“ ќе биде многу интересен. Славија Прага и Митјиланд одиграа без голови, реваншот во Данска ќе го одреди патникот во групната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести