Сами бараше помош од израелската армија, Тото ќе биде поинаква приказна

Израелците објавија дека над 13 илјади билети веќе се продадени за мечот со Македонија на стадионот „Тото Тарнер“ вечерва од 20.45 часот, па веројатно е дека капацитетот од малку повеќе од 16 илјади места ќе биде пополнет.

Тоа е сосема спротивна приказна од таа на втори септември, кога како гости ги победивме Израелците со 1:0 во Хаифа. Тогаш на прекрасниот стадион „Сами Офер“ во Хаифа имаше слаб интерес, а само околу половина од капацитетот, или 15 илјади гледачи го следеа поразот на својата репрезентација. Стадионот на кој најчесто во последно време играат Израелците има капацитет од малку повеќе од 30 илјади места.

Тогаш дури се најавуваше и дека припадници на израелскара армија ќе стигнат напомош, а им беше дозволено бесплатно да го следат мечот. Сепак, посебен одзив немаше, половина места беа празни, па Македонија не чувствуваше никаков притисок од трибините, а го победивме Израел со голот на капитенот Горан Пандев.

Сега Израелците покажаа поголем интерес, нивната репрезентација е на второто место во нашата група по 4 кола и очекуваат нова победа за да останат во трката за пласман на Европското првенство следната година.

Сега веројатно и Пандев нема да игра за нашата репрезентација бидејќи има хематом на слабината, стадионот во Бер Шева ќе биде со полн капацитет, па не очекува многу поразличен меч од тој пред две години.

- Оглас -

Најнови вести