Само 10 репрезентации постигнале повеќе голови од Македонија во квалификациите

По комплетирање на октомвриските квалификации за пласман на Европското првенство, Македонија е на третото место во својата група, зад Германија, која е сигурен патник на Мундијалот во Катар, додека Романија е на посакуваната втора позиција која носи бараж.

Според направените калкулации, Романија е со огромни шанси да игра во баражот, а компјутерската пресметка вели дека Македонија има само 13 отсто шанси да заврши како втора во групата. Нашите најдобри фудбалери досега никогаш не играле бараж за пласман на планетарниот собир, а додека надежите постојат, сигурно нема да се откажеме во овие квалификации.

Нападот е еден од главните адути на Македонија во квалификациите, па во осум натпревари, постигнавме 15 голови, што е речиси два погодоци по меч. Од 10-те групи во коишто има вкупно 55 европски селекции, Македонија може да се пофали дека е на 11-тото место по бројот на постигнати погодоци.

Повеќе голови од Македонија имаат дадено само Холандија (29 голови), Данска (27), Полска (25), Англија (24), Германија (23), Белгија (21), Турција (19), Израел (18), Србија и Португалија по 16 голови.

- Оглас -

Најнови вести