Само четири пати една екипа не шутнала на противничкиот гол, а три пати на спротвната страна бил Гвардиола

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола дефинитивно е стратегот кој прави своите тимови да доминираат на теренот. Гвардиола својот стил на игра го промовираше кога беше тренер на Барселона, а потоа во ист стил продолжи и во Баерн Минхен, како и сега, кога е предводник на Манчестер сити.

Синоќа во Манчестер гостуваше Атлетико Мадрид, а Гвардиола направи неговиот тим да доминира. На крајот Сити победи само со 1:0, но го понижи ривалот кој не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Граѓаните. За првпат во ерата на Симеоне, Атлетико не успеа да шутне ниту еднаш, а интересно е дека откако во 2004 година е воведена статистиката на дуелите од Лигата на шампионите, ова е само четврти пат еден тим да не шутне ниту еднаш на противничкиот гол.

Интересно е дека дури на три од тие четири меча на кои противникот не шутнал ниеднаш, предводник на екипата која доминирала бил Гвардиола. Едноставно, шпанскот стратег знае како да „им ја скрие“ топката на противникот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести