Само две недели по операцијата, Рамос ги изведува и најтешките вежби (Видео)

Реал Мадрид вечерва гостува во Бергамо на Аталанта, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Кралевите имаат големи проблеми со повредени играчи, а секако еден од најголемите недостатоци е неиграњето на капитенот Серхио Рамос.

Столбот во играта на Реал пред две недели беше на операција и сега е на рехабилитација. Рамос преку социјалните мрежи се пофали колку напорно работи и вежба за да може што е можно побрзо да се врати на теренот. Предвидувањата се дека Рамос ќе биде подготвен за реваншот против Аталанта, а во меѓувреме во клупската вежбална на Реал Мадрид ги изведува сите најтешки вежби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

 

- Оглас -

Најнови вести