Само еден фудбалер на Манчестер јунајтед му го честиташе покерот на Роналдо и тоа не е Бруно Фернандеш

Само еден фудбалер на Манчестер јунајтед му го честиташе покерот голови на Кристијано Роналдо и убавиот јубилеј 500-ти погодок на лигашките натпревари и тоа не е неговиот сонародник Бруно Фернандеш.

Само младиот Аљехандро Гарначо се израдува на подвигот на Роналдо во Мека, со постигнати четири гола за Ал-Наср против АЛ-Вехда.

Момчето што има само 18 години со четири емотикони на социјалните мрежи го поздрави подвигот на Роналдо, кој му беше соиграч лани.

Роналдо се раздели со Манчестер јунајтед на бурен начин, со кавга и веројатно тоа е главната причина за тивкиот бојкот на играчите на Црвените ѓаволи на неговиот покер постигнат вчера.

- Оглас -

Најнови вести