Само Јотовски победи и остана да ја брани честа на македонскиот тенис

Томислав Јотовски се пласира во второто коло на ИТФ турнирот во Скопје, откако со 2:0 во сетови го победи Олександар Бјелински од Украина. Македонскиот тенисер славеше со 6:3 и 6:2 во сетови и останува единствен домашен тенисер на овој турнир.

Јотовски за место на турнирот се избори преку квалификациите и покажа дека е во добра форма. За разлика од популарниот Томи, останатите четворица македонски тенисери беа елиминирани на стартот.

Марковски загуби од Фреунд од Шведска со 4:6, 2:6, Мицов успеа да му земе само три гејма на Нестеров и загуби со 3:6, 0:6, а во слична ситуација беше и Дургути, кој беше елиминиран од Пол од Швајцарија со 2:6, 1:6. Од нашите тенисери, загуби и Србљак, и тоа со 5:7, 3:6 од Хабиб.

Следен противник на Јотовски е седмиот носител Јакуб Пол од Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести