Само Ливерпул и Манчестер јунајтед нема да покажуваат повторени снимки од ВАР

Премиер лигата потврди дека на стадионите за време на натпреварите ќе се емитуваат повторени снимки и објаснување за донесената одлука на арбитерот со помош на ВАР-технологијата, која ќе се употребува со стартот на новата сезона. Два клуба не ќе можат во целост да ги искористат предностите на ВАР, тоа се Ливерпул и Манчестер јунајтед.

На нивните стадиони, „Енфилд“ и „Олд Трафорд“, нема големи екрани (видеобимови), така што публиката нема да добие јасна слика во ситуации кога ВАР ќе стапи на сила и ќе им асистира на судиите да донесат исправна одлука.

Доколку Ливерпул и Јунајтед не го решат овој проблем, односно не постават големи екрани на своите стадиони, тогаш присутните ќе добијат објаснување од официјалните спикери или, пак, ќе има писмено објаснување на семафорите.

- Оглас -

Најнови вести