Само на едно место на светот може да има вакво славје (Фото+Видео)

Бока Јуниорс минимално со 1:0 го победи најголемиот ривал Ривер плејт во Суперкласикото во Аргентина. Дарио Бенедето е стрелец на голот кој донесе огромна радост кај домашните навивачи на „Ла Бомбоњера“.

Погодокот беше постигнат во 65 минута, а до крајот на дуелот, гостите имаа иницијатива, но Бока се одбрани.

https://twitter.com/i/status/1569076154539151360

И ова дерби не помина без црвен картон, па во 90+7 минута беше исклучен некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо.

По ова победа Бока стигна до 32 бодови и е на четвртото место на табелата, додека Ривер остана на 29 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести