Само најавата за жестока казна од ФИФА ги натера да веруваат дека короната постои

Дуелот меѓу Габон и Ангола малку фалеше да не се одигра и тоа поради бизарна причина. Фудбалерите на Габон одбиваа да направат тестови за корона вирусот, а според правилата на ФИФА, без тие тестови, средбата не може да почне.

Дуелот кој требаше да започне во 18 часот беше одложен, а откако Габон доби закана од ФИФА дека може да биде и дисквалификуван од квалфикациите, домашните фудбалери направија брзи тестови.

Од сите фудбалери на Габон единствено Пјер Емерик Обамејанг е вакциниран против Корона вирусот и тоа затоа што голгетерот мора да биде вакциниран доколку сака да игра во Премиер лигата во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести