Само Роберто Карлос е поефикасен дефанзивец-стрелец од Рамос во ЛШ

Реал не дозволи изненадување од незгодната Аталанта и го доби реваншот со 3-1 за пласман во топ 8 фазата во Лигата на шампионите. Меѓу стрелците на Кралевите беше и капитенот Серхио Рамос, кој го одигра само вториот меч откако се врати на терените по тешката повреда на коленото.

Рамос во 60-тата минута сигурно го искористи пеналот и зголеми на 2-0, а со тој гол се израмни со Жерар Пике на второто место на листата најефикасни дефанзивци-стрелци во ЛШ.

Пред Рамос сега е само Роберто Карлос, кој во кариерата постигнал 16 погодоци во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести