Само што почна вториот дел, Ливерпул направи потоп во Бергамо (видео)

Ливерпул поведе со убедливи 5-0 на гостувањето кај Аталанта непосредно по стартот на второто полувреме. По двата гола на Жота од првиот дел, Португалецот оствари хет-трик, негов прв во дресот на Црвените, а претходно во демолирањето се надоврзаа Салах и Мане, па англискиот првак е на прагот да запише нова победа во групната фаза.

Убиствен беше контра-нападот во соло акција на Салах, кој претрча повеќе од половина терен и со мајсторски удар ја погоди мрежата. Веќе во следниот напад Мане се радуваше на гол, а во 54-тата минута Жота го комплетира хет-трикот.

https://twitter.com/noobfcb/status/1323732843172941828

https://twitter.com/noobfcb/status/1323733472301731841

https://twitter.com/noobfcb/status/1323734784485527556

- Оглас -

Најнови вести