Само што пристигна во Милано, „пукна бомба“ за тоа каде ќе игра Ибрахимовиќ следната сезона

Кога се работи за Златан Ибрахимовиќ, нема мирување дури и во време на корона-вирусот. Докажаниот голгетер во изминативе неколку недели беше во Шведска, каде што формата ја одржуваше тренирајќи со екипата на Хамерби. Тоа е клубот во кој Ибрахимовиќ купи 25 отсто од акциите и на тој начин „ги предаде“ фановите на Малме, клубот во кој ја започна кариерата.

Ибрахимовиќ денеска се врати во Милано, каде што треба да помине две недели во домашен карантин, а потоа треба да им се приклучи на тренинзите на Росонерите. По завршувањето на сезоната, не се знае дали и каде би играл Ибра, а спортскиот директор на шведскиот Хамерби, Јеспер Јансон, е убеден дека Златан ќе го облече дресот на клубот во кој има акции.

„Досега нема спомнато ништо конкретно, но мислам дека може да се случи Златан Ибрахимовиќ да потпише за нашиот клуб. Сепак, верувам дека повторно ќе се врати во Хамерби и ќе потпише за нас. Ние ќе бидеме презадоволни ако тој реши да потпише за нас“, рече Јансон.

- Оглас -

Најнови вести