Само така имаат шанси да останат во Евролигата: Партизан треба да навива за Црвена ѕвезда

Денеска и утре ќе се игра последното коло од елитната кошаркарска Евролига, по што ќе биде познат комплетниот распоред на табелата. Девет екипи имаат обезбедено место за останување во елитата, а останува само една енигма, дали Анадолу Ефес или Партизан ќе бидат десетиот патник во плејофот.

Анадолу Ефес вечерва од 19:30 часот во Истанбул ќе игра против Црвена ѕвезда и со победа ќе остане и во евролигата и по завршување на лигашкиот дел. Доколку Црвена ѕвезда успее да го изненади Ефес, тогаш се отвора шанса за Партизан, кој утре на свој терен ја пречекува Валенсија, која нема никакви шанси за место во плејофот.

Интересен ќе биде расплетот и за подобра позиција во пресрет на плејофот. Реал Мадрид е сигурно прв, но дури три екипи се борат за второто место. Панатинаикос, Монако и Барселона имаат ист биланс од 22 победи и 11 порази, а потоа следува Олимпијакос со биланс од 21 победа и 12 порази.

Одлична е и понудата и за бројот на поени, скокови и асистенции кои ќе ги остварат кошаркарите кои треба вечерва и утре да се појават на теренот.

- Оглас -

Најнови вести