Само тој може со насмевка на лицето да каже дека е позитивен на Коронавирус (Видео)

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Роналдињо се огласи на својот Инстаграм профил за да извести дека е позитивен на Коронавирусот. Бразилскиот виртуоз во изминативе неколку месеци беше во затвор во Парагвај поради поседување на лажни патни исправи.

Откако призна дека е виновен, по неколку месеци затвор, Роналдињо беше пуштен на слобода, а сега има нов проблем. Позитивен е на опасниот вирус кој е распространат низ целиот свет.

Роналдињо рече дека нема симптоми и дека се чувстува добро, а веќе неколку дена е во изолација.

 

- Оглас -

Најнови вести