Само во Англија за вакво „рогање“ на противник се добива жолт а не црвен картон (Видео)

Лутон и Свонси го одиграа еден од најдраматичните мечеви денеска, а на крајот резултатот беше 3:3. Лутон водеше со 3:0 на полувреме, но Лебедите не се предадоа и со три погодоци во вториот дел стигнаа до 3:3.

Гостите првиот гол го постигнаа во 63 минута, а во финишот на средбата, односно во 86 и 90+1 минута дадоа уште два гола и на крајот останаа непоразени.

Домаќините нервозни што испуштија победа, во еден момент ги изгубија нервите, а еден фудбалер крвнички удри по противникот. Судијата за тој старт досуди само жолт картон, иако се работеше за удар без топка и со намера.

https://twitter.com/i/status/1439263001270538243

- Оглас -

Најнови вести