Само за најхрабрите: следете ја традицијата и одиграјте на точен резултат

3663 Специја – Сампдорија (20:45 ч.)

Домаќините имаат дури деветмина играчи кои од најразлични причини нема да бидат во можност да играат вечерва. Специја е најслабиот тим на домашен терен сезонава и во осум меча нема ниедна победа и има само три освоени бода.

Слабата одбрана на Специја треба да е главен адут за Сампдорија да атакува на трите бода. Интересна е традицијата која вели дека во последниве 10 години одиграле само три пријателски меча и сите завршиле со многу голови (победи од 5:3 и 4:2 на Сампдорија, како и триумф на Специја од 2:1).

Предлог тип: ГГ3+ (2.11)

 

1811 Брауншвајг – Фортуна Дизелдорф (20:30 ч.)

Сосема е различна формата на двата тима. Домаќините имаат освоено само четири бода во последните пет меча, додека Фортуна е во одлична форма и нареди пет победи во низа, па полека се вмешува кон врвот на табелата.

Брауншвајг ја има втората најслаба одбрана во лигата, а Фортуна даде 13 погодоци во петте победи во низа. Во последните 30 години секогаш кога играле овие два клуба, имало погодоци, па и сега треба да е интересно, а предноста е на страна на гостите.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.96)

 

1664 Стандард Лиеж – Васланд-Беверен (20:45 ч.)

Стандард одлично ја почна сезоната, но потоа следуваа катастрофални резултати, па во последните осум меча нема ниедна победа (четири нерешени и четири порази). Последната победа Стандард ја имаше на 1 ноември, и тоа минимална против Остенде.

Васланд Беверен е тим кој ќе се бори за опстанок, но на гости игра солидно и загуби само четирипати во 10 меча. Сепак, за домаќините ова е одлична шанса конечно да прекинат двомесечен пост без победа.

Предлог тип: 1-1 (2.25)

 

1309 Елче – Хетафе (19 ч.)

Елче е тим кој е експерт за нерешени дуели на свој терен и има пет нерешени во осум средби. Хетафе во сеудм гостински средби даде само четири гола. Во последните 12 меѓусебни средби, дури десетпати имало од 0-2 гола. Тоа што е карактеристично за последните 12 меча е дека дури шест завршиле со резултат 1:1.

Според традицијата, нема да има повеќе од два гола ни денеска, а за оние кои се похрабри би предложиле точен резултат 1:1.

Предлог тип: Точен резултат 1:1 (6.25 )

 

1130 Стокпорт – Вест хем (21 ч.)

Вест хем гостува кај петтолигашот Стокпорт во меч од ФА купот. Изминатиов викенд во ФА купот се случија неколку изненадувања, па Лидс беше елиминиран од четвртолигаш, а Дерби каунти загуби од тим кој игра во шестата лига. Тие резултати треба да бидат опомена за Вест хем да не го потцени домаќинот.

Во послендите 10 меча, Чеканите имаат само два порази и сигурно ќе сакаат да продолжат во најстарото клупско натпреварување во светот.

Предлог тип: 2-2 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести