Сампдорија и Фиорентина не сакаа да загубат

Екипите на Сампдорија и Фиорентина одиграа 1-1 во меч од италијанската лига, што за двата тима е прв нерешен исход сезонава во Серија А. И домашните и гостите како да не сакаа да ризикуваат и се плашеа од пораз, па се задоволија со по еден бод.

„Виолетовите“, кои вечерва играа во зелени дресови, водеа по првото полувреме откако поведоа со голот со глава на опасниот Џовани Симеоне. Конечните 1-1 ги постави Капрари на половина час до крајот на средбата. Фиорентина имаше повеќе шанси и шутеви, но резултатот не се смени по изедначувањето.

Сампдорија се наоѓа на четвртото место, а Фиорентина е петта. И едните и другите имаат по седум бода, колку што има и Сасуоло. Во следното коло, Самп во Џенова го пречекува Интер, додека Фиорентина го пречекува СПАЛ, кој е најпријатното изненадување сезонава.

- Оглас -

Најнови вести