Сампдорија пријави шестмина заразени со Коронавирус, Јанкто вели ги има 15 и повеќе

Чешкиот репрезентативец Јакуб Јанкто објави загрижувачка информација дека во неговиот клуб Сампдорија ситуацијата со Коронавирусот е алармантна и дека има 15, ако не и повеќе фудбалери што се заразени.

Досега беше познато дека позитивни на тестот беа: Габијадини, Екдал, Ла Гумина, Торсби и Коли и тимскиот лекар Балдари, но Јанкто вели дека ги има повеќе.

„Веќе 15 луѓе во клубот се заразени со Коронавирус, а можно е и да ги има повеќе. Ниту јас не сум сигурен дека немам Коронавирус, но сега не сакам ниту да размислувам за тоа. Ги следам препораките, водам сметка за хигиената и се надевам дека сè ќе биде добро. Затворени сме дома со семејствата и очекуваме кризата да мине“, изјави играчот од средниот ред на Сампдорија.

Италија е најзагрозената земја со Коронавирусот, а битката трае долго и има најмногу заразени и починати од Коронавирусот.

Во ривалскиот клуб на Самдпорија, во Џенова игра капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, но засега во редовите на најстариот клуб на Чизмата, за среќа ,нема позитивни на тестот за Котонавирус.

- Оглас -

Најнови вести