Благодарение на двата гола на Маноло Габиадини во првото полувреме, Сампдорија ја победи Верона со 3-1 во дуел од италијанската Серија А на кој еден против друг играа два тима кои се борат за опстанок во елитното италијанско друштво.
Габиадини по вторпат сезонава дава два гола на еден меч, а претходно, за 11 сезони имаше само еден натпревар со два постигнати голови. Сампдорија е убедливо најнеефикасен тим во Серија А со 16 голови на 27 меча, првпат сезонава дадоа три гола на еден лигашки меч.
На гостите им беа поништени два гола, а конечно во 89-та еден погодок беше потврден од ВАР собата, но недоволно за да се освои барем бод.
Самп го напушти дното и сега е претпоследна со 15 бода, а Верона е веднаш пред беа со 19, пет помалку од Специја која е во безбедната зона.