Сан Хозе и Вегас до победи по продолженија

Сан Хозе шаркс им го нанесе петтиот пораз во низа на хокејарите на Анахејм дакс, а по продолженијата „ајкулите“ се радуваа на победа од 4-3. Гостите во поголемиот дел од средбата го имаа резултатот, па Аберг на двапати го спасуваше својот тим, додека во дополнителното време погоди Мејер, по две минути игра.

„Златните витези“ од Лас Вегас го запишаа само третиот триумф сезонава по 11 средби во НХЛ, а ноќеска во неизвесната пресметка беа подобри од Отава сенаторс со 4-3. Иако гостите имаа предност од 2-0 на средината од вториот период, во последните пет минути од таа третина Вегас се врати во игра со два брзи гола, а Марчесаул во продолжението беше прецизен од пенал-позиција по 3-3 во регуларниот дел.

Вчера вечерта се одиграа четири средби: ЛА кингс 4-3 Њујорк ренџерс, Каролина хурикејнс 1-2 Њујорк ајлендерс, Детроит ред вингс 4-2 Далас старс, Чикаго блекхокс 1-2 Едмонтон ојлерс.

- Оглас -

Најнови вести