Санабриа со фантастичен гол со „ножички“ ја сопре победничката серија на Наполи (Видео)

Победничката низа на Наполи заврши вечерва на дуелот против Торино, иако серијата без пораз сега е пет натпревари. Мечот во Неапол заврши без победник, 1-1, па домашните само си ги намалија шансите за излез во фудбалска Европа.

Квича Кварацкелиа со гол во 61-вата минута го донесе Наполи во водство од 1-0, но моментот на мечот се случи во 64-тата минута кога парагвајскиот интернационалец, Антонио Санабри со фантастичен погодок со „ножички“ го израмни резултатот. Парагваецот храбро, од непосредна близина се одлучи за акробација, а топката откако заврши во главата на голманот, ги испрати и топката и Мерет во мрежата на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести