Санчес оди под нож?

Алексис Санчес се здоби со повреда на лигаментите на глуждот поради што може да паузира од два до три месеци. Лошите вести ги обелодени селекторот на Чиле, Рејналдо Руеда. Санчес со повредата се здоби по еден остар старт од Хуан Квадрадо за време на пријателскиот дуел против Колумбија.

„Алексис најверојатно ќе оди под нож. Сепак, неговиот клуб Интер ќе одлучи дали ќе го прати на операција бидејќи така ќе мора да паузира до три месеци. Вистинска штета е што се повреди, таман почна да игра редовно и повторно да тресе мрежи откако се пресели во редовите на Интер. Беше расположен и супер мотивиран, жал ми е што му се случи оваа незгода“, истакна Руеда.

Санчес во последните денови од летниот преоден рок дојде во Интер како позајмен играч од Манчестер јунајтед, а за Нераѕурите запиша четири настапи, на кои постигна по еден гол и асистенција.

- Оглас -

Најнови вести