Санчес пред враќање во татковината

Интер дефинитивно нема да го откупи договорот на Алексис Санчес од Манчестер јунајтед, додека Оле Гунар Солскјер бара начин како да се ослободи од Чилеанецот, кој заработува до 500.000 фунти неделна плата, а никако не ги оправдува средствата. Затоа на Санчес последна опција му е да се врати во татковината и да заигра за клубот чиј е фан, Универзидад Чиле.

Секако, Алексис ќе мора да се откаже од енормните примања ако сака да го облече дресот на чилеанскиот клуб, вели претседателот на Чиле, Хосе Луис Наварете.

„Разгоравав со Алексис и знам дека сака да ја заврши кариерата кај нас. Сепак, неговото доаѓање ќе зависи од тоа колку е подготвен да се жртвува на финансиски план бидејќи ние не сме економски моќни како европските гиганти“, посочи Наварете.

Некогашната ѕвезда на Барселона и Арсенал зад себе има фрустрирачка сезона во дресот на Нераѕурите само со еден погодок на 15 настапи, што е доволна причина за Интер да не му даде доверба.

- Оглас -

Најнови вести