Санчес прифати да остане на „Џузепе Меаца“, Јунајтед добива 20 милиони евра

Интер и Манчестер јунајтед се блиску до постигнување договор околу трансферот на Алексис Санчес. Чилеанскиот офанзивец ќе ги чини Нераѕурите околу 20 милиони евра, по што ексѕвездата на Арсенал ќе остане на „Џузепе Меаца“ и по едносезонската позајмица.

Санчес ја убеди управата на Интер дека е доволно добар да игра за миланскиот гигант и покрај тоа што е во слаба форма веќе неколку сезони, поточно откако го облече дресот на Црвените ѓаволи. Поранешниот играч на Барселона би требало да биде решение во нападот доколку Лаутаро Мартинес си замине ова лето.

Инаку Санчес изминатото коло во Серија А се истакна на добар начин со погодок и две асистенции во победата од 6-0 над Бреша, а оваа сезона во вкупно 20 настапи реализира два погодоци и шест асистенции за Интер.

- Оглас -

Најнови вести