24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Санчо би можело да се врати во Борусија Дортмунд

Џејдон Санчо е суспендиран, отпишан е од менаџерот Ерик тен Хаг, за скапото англиско крило нема место во Манчестер јунајтед, па мора да бара излез од ситуацијата и се чини дека има едно решение.

Санчо би можело да се врати во Борусија Дортмунд, клубот од кој во летото 2021 година дојде во Јунајтед. Црвените ѓаволи платија дури 85 милиони евра за Санчо, но тој не ја оправда инвестицијата.

Сега се шпекулира дека Јунајтед фрлил око на еден друг играч на Борусија, тоа е Холанѓанецот Дониел Мален, па се спомнува можна трампа во јануарскиот преоден рок: Мален во Манчестер, а Санчо во Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести