Санчо е сурово казнет поради мизерната форма во Манчестер јунајтед (ФОТО)

Џејдон Санчо летово беше доведен како големо засилување во Манчестер јунајтед, но барем засега тој е далеку од формата во Борусија Дортмунд.

Платен е 85 милиони евра, а досега одигра само седум натпревари за својот нов тим и сè уште чека на првиот гол.

Очајната форма во која се наоѓа беше препознаена и од селекторот Герет Саутгејт, кој го изостави од репрезентативниот список за натпреварите против Албанија и Сан Марино.

Покрај него, на овој список ги нема и Киран Трипиер, како и дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, додека на нивно место се ставени Александар Трент Арнолд, Маркус Рашфорд и Џуд Белингам.

 

- Оглас -

Најнови вести