Сањол: Македонија е нашиот најголем ривал во групата

Македонската фудбалска репрезентација на 23 септември ќе гостува во Тбилиси кај Грузија, во меч од 5. коло во Лигата на Нации. Грузија е лидер во групата со 10 бодови, Македонија има 7, Бугарија е со три бодови, а Гибралтар има еден бод.

Доколку Грузија успее да освои барем еден бод против Македонија сигурно ќе биде прва во групата, затоа што тие победија убедливо со 3:0 пред три месеци на гостувњето во Скопје.

Селекторот на Грузија, Вили Сањол очекува дуелот во Тбилиси да биде потежок од тој во Скопје.

„Без дилеми, Македонија е најтешкиот противник за нас во групата. Нема да калкулирам дали ќе бидам задоволен со еден освоен бод или со три бода, најважно е да бидеме први во групата. Сметам дека дуелот со Македонија на наш терен ќе биде потежок од тој во Скопје. Победивме на дуелот во Скопје, но имавме грешки кои не смееме да ги повториме сега“, рече Сањол на точно една недела до дуелот во Тбилиси.

- Оглас -

Најнови вести