Сарабија ја носи Севилја кон ЛШ

Севилја го совлада директниот конкурент Алавес со 2-0 и изби на шестото место во шпанската Ла Лига, само со еден бод помалку од четвртиот Хетафе. Играч на натпреварот беше Пабло Сарабија, кој по шести пат сезонава на ист толку меча имаше придонес од гол и асистенција.

Роке Меса на својот 100-ти меч во шпанската лига го постигна третиот гол во кариерата. Интересно е што првиот гол (додека играше за Лас Палмас) го даде против неговиот сегашен клуб Севилја.

Пабло Сарабија беше асистент на првиот и стрелец на вториот погодок за Севилја. Сарабија е првиот член на Севилја по Иван Ракитиќ од 2013/14 кој имал двоцифрен број голови и асистенции во една сезона. Последен Шпанец со „дабл-дабл“ бил Нолито од Селта во 2014/15.

Сарабија на 145 меча во пет сезони во дресот на Хетафе даде 14 гола, а во Севилја на 145 меча има 41 гол за три сезони.

- Оглас -

Најнови вести