Сараево не спиеше, Џеко во 3 наутро одржа незаборавен говор пред илјадниците фанови (Видео)

Со огномети, факли и други пиротехнички средства, навивачите во Сараево доцна во ноќта ги пречекаа фудбалските репрезентативци на Босна и Херцеговина кои се пласираа на Светско првенство по победата на пенали над Италија во мечот игран во Зеница.

Илјадници луѓе се собраа пред Вечниот оган, а од балконот на зградата пред споменикот Вечен оган, се обрати капитенот Един Џеко и почна исто како во октомври 2013 година, со зборовите „Воздра, Рајвоса!“ (Здраво Сарај‘во на шатровачки сленг).

„Вака почнавме пред 12 години и повторно дочекавме. Велат играч на покер, а? Баш убаво ги изблефира покерашот. Што да каже, каква порака да се испрати?“, праша Џеко, кој им се заблагодари на директорот на репрезентацијата, Емир Спахиќ, на селекторот Сергеј Барбарез и на сите што „донесоа толку многу прекрасни млади играчи“. Тој, исто така, им се заблагодари на сите што дојдоа да ги пречекаат.

- Оглас -

Најнови вести