Сарбрикен не успеа да направи ново чудо, Кајзерслаутерн е прв финалист во Купот на Германија

Фудбалерите на Кајзерслаутерн се први финалисти во Купот на Германија откако со 2:0 го совладаа третолигашот Сарбрикен, кој не успеа да направи ново чудо откако елиминира три бундеслигаши.

Сарбрикен во четвртфиналето ја елиминира Борусија Менхебгладбах (2:1), претходно беше подобар од Ајнтрахт (2:0), а најголемото изненадување го приреди со елиминацијата на Баерн Минхен (2:1).

Но, вечерва Сарбрикен загуби од второлигашот Кајзерслаутерн, кој двата гола кои го однесоа во финалето ги постигна во второто полувреме. Ритер во 53-тата минута го отвори резултатот, а Туре во 75-тата минута го постави конечниот резултат.

Во второто полуфинале,утревечер ќе играат Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.

- Оглас -

Најнови вести