Сари е упорен за Жоржињо, Челзи ќе прифати трампа со Даглас Коста

Јувентус и Челзи се многу блиску до класична трампа на играчи, а ќе ги разменат Жоржињо и Даглас Коста, објави „Спорт Медијасет“.

Маурисио Сари веќе подолг период упорно инсистира раководството на Јувентус да го донесе италијанскиот репрезентативец од Челзи, со кого соработуваше како тренер на клубот од Лондон.

Тренерот на Јувентус е подготвен за го испрати во Лондон Бразилецот Даглас Коста, а размената би била без доплата. Коста е проценет на околу 45 милиони евра, а приближно толкава е и вредноста на Жоржињо, па двата клуба се сè поблиску до размена на двајцата одлични играчи.

Челзи се интерсираше и за Миралем Пјаниќ, кој беше прва опција во најавената трампа со Јувентус, но босанскиот репрезентативец истакна дека ќе замине само во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести