Сари: Интер е фаворит за титулата исто како и ние

Во пресрет на дербито помеѓу Јувентус и Интер кое ќе се игра без публика во Торино, тренерот на Јуве, Маурицио Сари, изјави дека шансите на овие тимови да го освојат скудетото во Италија се 50-50. Бидејќи немаше ни прес-конференција, Сари пред дербито даде интервју за телевизијата на Бјанко-нерите.

„Јувентус – Интер е најпрестижен натпревар во историјата на италијанскиот фудбал. Сезонава дербито е уште позначајно бидејќи двата тима се борат за титулата. Интер летоска и зимава се засили, па сега и тие се фаворити за скудетото колку што сме и ние“ – вели Сари, кој изгледа заборави дека и Лацио кој е лидер на табелата, е сериозен кандидат, или можеби мисли дека римјаните немаат шанса.

Лацио со еден меч повеќе има два бода повеќе од Старата дама, а на Интер му бега дури осум бода, со две средби повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести