Сари: Не гледав ниту еден меч од Мундијалот во Русија

Италијанскиот тренер Маурицио Сари, кој сезонава го води лондонски Челзи, изјави дека не гледал ниту еден натпревар од Светското првенство кое се играше минатото лето во Русија, бидејќи нема што да се научи од гледање репрезентативен фудбал.

Сари не е заинтересиран за такви мечеви, и тврди дека секој тренер го мисли истото, но останатите негови колеги не сакаат јавно да го кажат тоа.

Според Сари, неговиот Челзи би ја совладал репрезентацијата на Англија, и најдобрите тимови во клупскиот фудбал се многу посилни од репрезентациите. Стручњакот мисли дека за само 30 дена, не може квалитетно да се подготви еден тим кој ќе игра на врвно ниво.

„Не го гледав СП. Ниту еден меч. Не ми се допаѓа репрезентативниот фудбал, бидејќи не можете ништо да научите. Секој тренер мисли како мене, но невообичаено е некој јавно да зборува за тоа. Секој тим што игра на СП, би загубил од најдобрите клубови. Тоа е нормално, бидејќи не може за 30 дена да организирате и воиграте тим како во клубовите кои работат цела година. Мислам дека Челзи би ја совладал селекцијата на Англија, мојот тим не е на пониско ниво“ – изјави Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести