Сари полуде после првиот домашен кикс: Игравме без мозок!

Јувентус му го препушти првото место на Интер, и тоа со кикс на свој терен против Сасуоло, а тоа е нешто необично за Маурицио Сари, под чие водство Јуве досега ги добиваше сите домашни мечеви во италијанската лига. Сасуоло е првиот кој си замина непоразен од гостување кај Старата дама и тоа беше доволна причина за лутината на стручњакот.

„Им дававме премногу простор. Евтино ги губевме топките, игравме без мозок. Не бевме фокусирани, нападите беа бавни, средниот ред како да не постоеше. Головите што ги примивме беа резултат на низа грешки како лошо вратена топка. Кога не си фокусиран, се случуваат вакви работи. После мечот, со играчите разговарав 30 секунди. Ни фалеа душа и мозок. Реакцијата дојде предоцна“, рече Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести