Сари пред неочекуван ангажман

Маурицио Сари по отказот од Јувентус, оваа сезона ја помина без ангажман, но наскоро сето тоа може да се смени. Екстренерот на Наполи, Челзи и Јувентус е во преговори со Фенербахче да ја преземе клупата која остана празна по разрешувањето на Ерол Булут.

Претставниците на Сари во текот на наредната недела ќе одржат уште еден состанок со турскиот гигант на кој ќе се разгледуваат деталите околу соработката, по што Сари треба да го преземе Фенер. Засега Емре Белозоглу, спортскиот директор на клубот, привремено ќе ја извршува задачата на тренер, а се очекува Сари да биде новиот кормилар.

Иако кружеа гласини дека 62-годишниот стратег е пред враќање во италијанскиот фудбал, односно повторно би можел да соработува со Наполи, се чини дека Сари ќе почека за камбек во својата татковина. И Рома наводно беше загреана за услугите на некогашниот банкар, но тој се одлучи за овој неочекуван ангажман.

Инаку, Сари во тренерската кариера освои два трофеи, прво со Челзи во Лигата на Европа во сезоната 2018/19, а потоа го предводеше Јувентус до нивнот деветто Скудето во низа минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести