Сари сакал тактички да го замени Кепа, Кабалјеро е експрет за пенали

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, дефинитивно ја губи контролата врз играчите, а тоа најдобро се покажа на вчерашниот меч против Манчестер сити. Сари сакаше да го замени голманот Кепа Аризабалага и на негово место да го внесе Вили Кабалјеро. Се играше 120-тата минута од финалето кога судијата покажа дека треба да се направи измената, но Кепа одби да излезе од теренот.

Сари збесна, но беше немоќен, па го остави Кепа да ги брани пеналите. Шпанецот успеа да одбрани еден од петте удари, а тоа не беше доволно бидејќи фудбалерите на Челзи промашија два шута од белата точка, па трофејот заврши во рацете на играчите на Манчестер сити.

Официјалната верзија е дека Сари и Кепа имале недоразбирање бидејќи тренерот сметал дека голманот се жали на грчеви и нема да може да го даде максимумот кога ќе треба да ги брани пеналите. Сепак, англиските медиуми шпекулираат дека друга била целта на Сари со замената на Кепа.

Резервниот голман Кабалјеро е експерт за бранење пенали, а тоа го има покажано во текот на кариерата. Досега бранел на 38 пенали, а успеал да сопре дури 11 удари. Овој голман пред три години бранеше во финалето на Лига купот за Манчестер сити, а „граѓаните“ стигнаа до трофејот токму благодарение на одличните одбрани на Кабалјеро во пенал-рулетот. Сега Кабалјеро требаше да ги брани ударите на некои од неговите поранешни соиграчи кои добро ги познава од времето кога беше во Сити, но Кепа не му даде шанса.

- Оглас -

Најнови вести