Сасуоло го продаде Боатенг, па му тргна

Продажбата на Кевин Принс Боатенг не само што не се рефлектираше негативно врз екипата на Сасуоло, туку „зелено-црните“ во првиот меч по трансферот на фудбалерот од Гана во Барселона, освоија три бода на меч од Серија А, нешто што не им поаѓаше од рака во изминатиот период. Сасуоло беше подобар од Каљари со 3:0.

Водечкиот гол го постигна Локатели (негов прв гол сезонава), а во завршницата на второто полувреме, на 2-0 зголеми Бабакар од пенал. Сасуоло е тим во Серија А кој сезонава има најмногу голови дадено од белата точка, вкупно пет. Конечните 3-0 ги постави Матри во 87 минута.

Сасуоло немаше пораз на домашен терен уште од 21 септември, но разби тој малер, како и црмата серија од четири меча без победа во Серија А. Каљари од 2 септември наваму не знае за гостинска победа, а денеска речиси и не создаде сериозна шанса за гол.

Во Серија Б, Палермо го претрпе третиот пораз, но остана првопласиран на табелата, барем до утре. Сицилијанците чиј дрес го носат Александар Трајковски (играше 90 минути) и Илија Несторовски (не играше поради повреда), на гости загубија од Кремонезе со 0:2.

- Оглас -

Најнови вести