Сасуоло можеше против Наполи, но не и против ВАР (видео)

Наполи се избори за триумф од 2-0  против незгодниот состав на Сасуоло, но екипата на Џенаро Гатузо имаше огромна помош од ВАР-технологијата во освојувањето на трите бода.

На гостите им беа поништени четири погодоци поради недозволена позиција при резултат од 1-0. ВАР-технологијата на двапати во првиот дел не му дозволи на Ѓуричиќ да се радува на гол, додека Капуто и Берарди во вториот дел се разочараа по реакцијата на ВАР за исто така офсајд замка. Ниту една ситуација не беше спорна, но неверојатно е колку Сасуоло немаше среќа.

Наполи водеше уште од осмата минута со првенецот на Хисај во дресот на Наполи, додека Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од средбата откако влезе на местото на Руис. Алан во судиското надополнување ги реши сите дилеми.

Наполи останува на седмото место по 36 меча во Серија А со 59 бода, еден помалку од Милан, додека Сасуоло е зад Наполитанците со 48 бода на осмата позиција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести