Сатугејт ги отвори картите, Англија комплетна доаѓа во Скопје (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, денес го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Малта на домашен терен и Македонија на гости.

Англичаните без поголеми измени и комплетни ќе пристигнат во Скопје на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство против Македонија, дуел кој ќе се одигра на 20 овој месец со почеток во 20:45 часот.

На првиот натпревар, кој се одигра на „Олд Трафорд“ во Манчестер, Англија ја победи репрезентацијата на Македонија со високи 7-0.

Во продолжение списокот на повикани фудбалери во репрезентацијата на Англија.

- Оглас -

Најнови вести