Саудијци нудат 900 милиони евра за да ја купат Рома

Саудиска Арабија не сопира во налетот да стане доминантна земја во фудбалот. Освен вложувањата во својата земја во која дојдоа да играат голем број на ѕвезди, тие се решени да се распространат и во најсилните лиги во Европа.

Според последните најави, можно е да се случи италијанскиот калчолигаш Рома да добие нов сопственик и тоа да биде Фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија. Како што пишуваат повеќе светски медиуми, Саудијците се подготвени да вложат 900 милиони евра со што би ги откупиле акциите од американските сопственици.

Фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија веќе има еден голем клуб под раководство, а тоа е англискиот премиерлигаш Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести