Саудиски Ал Хилал го изедначи Гинисовиот рекорд!

Ал Хилал ја зголеми својата предност на дури 12 бодови пред Ал Наср во трката за титулата во Саудиска Арабија, откако денеска со 3-1 победи Ал Ријад во меч на кој фаворитот изведе три пенали, а Ал Хилал сега е во трка со историјата и влез во книгата на Гинисови рекорди.

За Ал Хилал, ова денеска беше 27-ма победа по ред на официјални мечеви во сите натпреварувања. Последен меч на кој Ал Хилал не победи беше против Дамак уште во септември минатата година.

Толку долга триумфална низа во историјата на фудбалот имал само уште велшки ТНС во сезоната 2016/2017. Светците таа сезона доминираа, но само на домашна сцена, а Ал Хилал има победи и во азиската Лига на шампиони.

Во саудиската лига, Ал Хилал на 23 меча сезонава има 21 победи и две нерешени.

Следниот меч на Ал Хилал е реванш од азиската ЛШ на гости против ривалот Ал Итихад на 12-ти март. Ако и тогаш победи Ал Хилал, тоа ќе биде нов гинисов рекорд од 28 триумфи по ред.

Во топ 10 на сите времиња се и победнички серии на Ајакс, Коритиба, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести