Саул ги шокира Јорганџиите со објавата на „Твитер“ (фото)

Саул Нигез, ѕвездата на Атлетико Мадрид, ги шокира своите следбеници на „Твитер“ објавувајќи две фотографии на шпански и англиски со најава дека ќе го соопшти новиот клуб за три дена.

Саул е дете на актуелниот шпански вицепрвак и веќе долго време е главна алка на Диего Симеоне.  Неговата верност кон клубот ја потврди во 2017 година, кога потпиша деветгодишен договор кој важи до јуни 2026, но според објавата, се чини дека во следниот преоден рок ќе менува дрес.

Во изминатиов период се појавија шпекулации дека Саул е блиску до трансфер во редовите на Манчестер јунајтед, но шпанскиот репрезентативец исто така е долго време желба на Барселона. Како и да е, ќе треба да почекаме три дена за да го дознаеме новиот клуб на Саул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести