Саутхемптон има бисер во своите редови пред кого е светла иднина (ФОТО)

Екипата на Саутхемптон славеше со убедливи 4:1 против Брентфорд во рамките на 18-тото коло од Премиер лигата.

Светците на својот стадион не дозволија да бидат изненадени и дојдоа до важни три бода, и тоа со головите на Бендарек (5′), Фернандес (автогол, 37′), Броха (49′) и Адамс во 70-тата минута.

Единствениот гол за гостите беше дело на Јанелт во 23-тата минута.

Вреди да се потенцира голот на младиот Алехандро Броха, кој стана најмладиот играч во Премиер лигата во оваа сезона којшто успеал да постигне пет погодоци.

Ваквиот успех тој го постави на 20 години и 123 дена, а е само втор играч кој е под 21 година каде што се наоѓа и талентот на Арсенал, Букајо Сака.

Со оваа победа, Сотон стигна до 24 бодови и се искачи на 11-тото место.

- Оглас -

Најнови вести