Саутгејт ги одби Сините – Сè помалку опции за наследник на Сари

Герет Саутгејт ја отфрли можноста да се врати во клупското менаџирање како предводник на Челзи. Селекторот на Англија очекува до крај да го испочитува договорото со анлиската ФА, кој му истекува по Светското првенство 2022 година.

Со неговиот демант, Сините од Лондон останаа со малку опции за замена за Маурицио Сари, кој, пак, во најскоро време се очекува да седне на кормилото на Јувентус.

На раководството на Челзи сега му останува да преговара со Френк Лампард, клупската легенда и сегашен тренер на второлигашот Дерби, додека како опција се споменува и Макс Алегри.

Инаку, Саутгејт пред да ја преземе репрезентацијата на Англија, работеше како менаџер на Мидлсборо.

- Оглас -

Најнови вести