Саутгејт ја изостави ѕвездата за која се нудат рекордни суми, дали е тоа знак дека следува „бомба“ во Манчестер?

Англија и Хрватска го сочинуваат денешното дерби на Европското првенство, кое се игра на „Вембли“ во овие моменти.

Почетни состави Англија – Хрватска

Забележана е чудна одлука на селекторот Герет Саутгејт во изборот на тимот кој брка победа над Коцкастите и премиерни три бода на ЕП. Трипие принудно игра како лев бек иако Саутгејт има двајца леви бекови во составот, но Шо е на клупата, додека Чилвел не е ниту во конкуренција за настап.

Уште повеќе изненадува фактот што и Џејдон Санчо е изоставен од тимот од 23 играчи за овој дуел, бидејќи англискиот офанзивец нема здравствени проблеми кои би го оневозможиле да настапи. Можеби е тактичка одлука на селекторот, но може да биде знак дека Санчо е блиску да го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед, кој се најавува веќе извесно време.

За младата ѕвезда на Дортмунд се понудени околу 95 милиони евра, а трансферот може да достигне до 100 милиони евра и да падне британскиот рекорд.

- Оглас -

Најнови вести