Саутгејт ќе ги одмори играчите на Манчестер сити против Малта, но ќе играат против Македонија

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, нема да користи играчи на Манчестер сити на гостувањето кај Малта на 16-ти јуни, но тие ќе бидат во составот три дена подоцна кога Англија ќе ја пречека Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

Саутгејт планира да им даде одмор на играчите на Сити кои шест дена пред средбата на Малта играат финале од Лигата на шампионите. Станува збор за Кајл Вокер, Џон Стоунс, Џек Грилиш, Фил Фоден и Калвин Филипс.

Тие ќе бидат со тимот, ќе патуваат на малиот остров во Средоземното море, но нема да играат. Затоа пак, три дена подоцна, на 19-ти јуни кога на „Олд Трафорд“, Англија игра со Македонија, на терен ќе бидат и фудбалерите на англискиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести